„Пеколот доаѓа“ накај Европа, дали ќе не зафати и нас?

Според натпис на „Гардијан“, алармот за „Топлината од пеколот“ која ќе ја зафати Европа, веќе е даден од експертите.

Од Шпанија до Швајцарија, температурите може да достигнат до 40 Целзиусови степени, додека властите на европските земји повикуваат децата и постарите лица да останат во затворени простории, пренесува „Експресс“.

Овие горештини, според европските експерти доаѓаат од Сахара во комбинација со бура што пристигнува од Атлантскиот Океан до Централна Европа.

Во некои европски земји, како Франција, на пример, овие горештини не се паметат со децении.

„Пеколот доаѓа“, со овие зборови го даде алармот метеорологот Силвија Лапхана од Шпанија, каде што метеоролошката служба предупреди за температури во земјата кои ќе стигнат до 42 Целзиусови степени, и предупреди на голема опасност од шумски пожари.

Во Франција, за топлотниот бран, исто така, реагираше министерот за Здравство кој вели дека се чувствува голема вознемиреност, бидејќи Французите не ги почитуваат предупредувањата дека треба да останат во затворени простории.

Експертите велат дека во Франција овие температури во јуни не се паметат од 1947 година. Дури и Франција ги откажа испитите кои требаше да се оддржат оваа недела низ училиштата.

И Италија се подготвува за „најжешкиот бран на деценијата“. Германија се наоѓа во истата ситуација. Според метеоролозите, во Берлин температурите во среда ќе достигнат до 37 Целзиусови степени.

И Скандинавија, исто така, ќе се соочи со високи температури. Во делови на јужна Данска и Шведска се предвидува температурите да достигнат до 30 степени.

Но, засега во Македонија не е даден никаков аларм дека ќе бидеме погодени од овие екстремно високи температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот