Пејачката Слаѓана Милошевиќ претепана во својот стан од нејзиниот партнер!

Instagram

Партнерот на култната српска дива Слаѓана Милошевиќ во нивниот стан во Белград ја претепал пејачката, поради што ѝ била укажана помош, а тој бил уапсен. Нападот се случил минатата ноќ.

Пејачката пријавила дека партнерот со кој живее ја претепал после жестока расправија, пренесуваат од Курир.рс.

„Дошло до вербална расправа помеѓу нив, наводно тој грубо ја турнал додека таа била во тоалетот, таа паднала врз ВЦ школката и машината за перење алишта. Во рацете го држела неговиот телефон, кој тој го земал, повторно ја турнал и таа паднала преку кадата, среќа не паднала во неа„ вели изворот.

Како што пишуваат спрските медиуми, Слаѓана изјавила дека се плаши што може понатака да ѝ се случи.

„На пејачката ѝ било укажана помош на Ургентниот центар и воочени се лесни телесни повреди. На нејзиниот партнер му било одредено задржување и тој наскоро ќе биде приведен на сослушување“, изјавил соговорникот за Курир.рс.

Слаѓана се прослави во 80тите со свежиот модерен звук на југославенската естрада. Таа е препознатлива по авантгардниот стил што го негува, како и важи за култна личност која ги постави новите темели на комерцијалниот електронски звук во Југославија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот