Пејачката објави нови фотки: Фановите се прашуваат дали е бремена? (ФОТО)

профимедиа

Популарната пејачка Бијонсе, по пауза од речиси еден месец, повторно е активна на Инстаграм.

Таа своите обожаватели ги израдува со нови фотографии во жолт елегантен фустан кој ја истакна нејзината совршена фигура, но и нејзините добро познати облини.

Покрај фустанот искомбинира и посилна шминка, црвено-портокалов кармин, дијамантски накит, едноставни сандали со висока потпетица, а косата ја собра во долга плетенка.

Фактот дека пејачката некое време не беше присутна на Инстаграм, како и објавата на нови фотографии на кои се гледа дека Бијонсе има некој килограм повеќе, ги поттикна нејзините фанови да се запрашаат дали таа повторно е бремена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот