Педофил намамил дете со слатки, а потоа го убил и го силувал неговиот труп (ФОТО)

Ужасно злосторство се случило во Украина кога педофил силувал и задавил дете (12), откако го намамил со слатки и го одвел во напуштена зграда, пренесува Дејли мејл.

Родион Волков се враќал дома од фудбалскиот тренинг кога му се доближил маж и започнал разговор со него во Дњепар, град во централниот дел на земјата.

Откако ја добил неговата доверба, странецот го одвел во блиската продавница и му купил слатки, пренесуваат медиумите.

На фотографиите од камерите се гледа како Волков стои покрај мажот (59) во продавницата. На другата слика се гледа како си заминуваат заедно.

Откако ја напуштиле продавницата, странецот наводно го повикал детето во напуштената зграда во паркот.

Кога влегле внатре, мажот го силувал и убил детето, а потоа наводно имал секс со неговото мртво тело, рекле истражителите.

Фамилијата на детето го пријавила неговото исчезнување откако не се вратил дома и не се јавил на телефон.

Службениците успеале да влезат во трага на телефонот на детето и почнале да го пребаруваат паркот.

– Кога влегле во напуштената зграда, виделе маж како лежи на душек прекриен со облека. Мажот тогаш скокнал, ги повлекол панталоните и почнал нервозно да се однесува, рекла портпаролката на полицијата Људмила Копиленко.

Потоа, како што рекла таа, полицијата под купот на облека го пронашла голото тело на детето.

Мажот, чие име не е наведено, е локален бездомник кој живее во напуштената зграда.

Тој бил веднаш уапсен, а на полицијата и признал дека „го силувал детето пред да го задави, а потоа имал сексуален однос со неговото тело“.

На педофилот му се заканува доживотна казна затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот