Патниците повредени во пеколниот лет на Сингапур Ерлајнс и натаму сѐ уште се во болница

Патници на летот Лондон - Сингапур / Фото EPA-EFE/ARIFFIN JAMAR / THE STRAITS TIMES

Четириесет и три лица кои биле на летот на Сингапур ерлајнс погоден од силни турбуленции остануваат хоспитализирани во Бангкок четири дена по инцидентот, соопшти денеска болницата во главниот град на Тајланд.

Тие се сместени во три болници во Бангкок, се вели во соопштението на болницата Самитиј Сринакарин. Во таа болница, каде има 34 пациенти, седуммина од нив се на интензивна нега – тројца Австралијци, двајца Малезијци, еден Британец и еден Новозеланѓанец, се наведува во соопштението.

Меѓу останатите 27 пациенти од авионот во болницата има осум британски, шест австралиски, пет малезиски и двајца филипински државјани, се наведува во соопштението. Две лица се отпуштени од болницата Самитиѓ Сринакарин, додека две од таа болница Самитиј Сухумвит се префрлени во Самитиј Сринакарин за да им се придружат на нивните хоспитализирани роднини, се вели во соопштението.

Во четвртокот, директорот на болницата Самитиј Сринакарин им изјави на новинарите дека 22 пациенти имале повреди на ‘рбетниот мозок, а шест повреди на мозокот и черепот, но ниту еден не е опасен по живот.

Еден патник почина од можен срцев удар, а десетици беа повредени во вторникот, откако на летот SQ321 на Сингапур Ерлајнс од Лондон до Сингапур наиде на, како што ја опиша авиокомпанијата ненадејна, екстремна турбуленција додека леташе над Мјанмар.

Летот со 211 патници и 18 членови на екипажот беше пренасочен во Бангкок за итно слетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот