Патниците бараат сигурност и квалитетна инфраструктруа кога патуваат во Европа

Годината што претстои е ветувачка, но и предизвикувачка за европскиот туризам, бидејќи побарувачката на патниците ќе се заснова на безбедноста, инфраструктурата и пристапноста како клучни за избор на дестинација.

За патниците кои сакаат да ја посетат Европа оваа година, безбедноста е на прво место, бидејќи дури 45 проценти од нив на сите пазари даваат приоритет на безбедно опкружување. На второ место е висококвалитетната туристичка инфраструктура, која 38 отсто од граѓаните ја сметаат за неопходна за избор на земја во која ќе патуваат, покажува најновиот извештај на Европската комисија за патувања и „Еурил“. Познатите знаменитости и достапните услуги, исто така, имаат голема тежина при изборот на дестинација, при што 35 отсто од странските патници ги наведуваат овие како нивни главни приоритети. Конкретно, Канада, САД и Австралија се издвојуваат по нивниот силен фокус на достапноста.

Оние кои одлучиле да не патуваат во ЕУ годинава во 36 отсто од случаите се изјасниле дека причината е зголемувањето на патните трошоци, а 12 отсто изјавиле дека немаат доволно денови за одмор. Без разлика на овие податоци, Европа во првите четири месеци од годинава е на листата на атрактивни места за одмор за патниците кои пристигнуваат од далечни земји. Најголема решеност да ја посетат Европа покажаа Кинезите (50 отсто) и Бразилците (49 отсто). На двата пазари позитивно расположение покажаа помладите испитаници со повисоки приходи. Иако Канаѓаните и Американците изразија интерес за патување во Европа оваа година, тие не планираат да го сторат тоа во првите четири месеци. Помалку од една третина од испитаниците на секој пазар (28 проценти) планираат да патуваат во Европа во овој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот