Партизан се откажа од плеј-офот, КСС го потсети дека добива пари од државата

Партизан /Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Кошаркарскиот клуб Партизан вчера одлучи да се откаже од настапот во плеј-офот во српскиот шампионат со што се соочува со преселба во најниог ранг на натпреварување.

„Црно-белите“ се револтирани од одлуката  на Кошарската федерација на Србија (КСС) најдобрите српски екипи, Партизан и Црвена звезда настапот во домашното првенство да го започнат во полуфиналето на плеј-офот,  а притоа предноста на домашен терен да се одредува според пласманот во АБА лигата.

Црвена звезда го имаше најдобриот скор во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата и со тоа ја доби предноста на домашен терен во плеј-офот на домашното првенство, а тоа не му се допадна на Партизан кој бараше да се игра на неутрален терен или да се играат натпревари за одредување на позициите во плеј-офот.

Исто така „црно-белите“ бараат реакција од надлежните за честите испади на навивачите на двете екипи кои доведоа на петте натпревари во финалето на АБА лигата да има прекини, па дури и празнење на салата во мајсторката.

– КК Партизан ја заврши сезоната 2021/22 и нема да се натпреварува во плеј-офот од домашната Супер-лига. Ваквата одлука клубот ја донесе по сите случувања на финалната серија од плеј-офот од АБА-лигата, каде на сите пет натпревари се случија бројни инциденти кои доведуваа до прекини, загрозување на безбедноста на играчите и стручниот штаб, но и срамотење на српската и регионалната кошарка пред светската јавност. Воедно, клубот на тој начин остава простор сите релевантни фактори да седнат на маса до почетокот на новата сезона и да донесат решение кое ќе спречи никогаш да не се повторат слични работи – соопшти меѓу другото Партизан.

Одговорот дојде од КСС кој остро реагираше на одлуката на Партизан и го потсети тимот дека добил милионска помош од владата на Србија.

– Српската кошаркарска лига е непријатно изненадена и многу разочарана од одлуката на Партизан да се повлече од натпреварувањето. Одлуката, која сама по себе е скандалозна, дополнително е неточна, бидејќи беше официјално објавена пред самиот почеток на полуфиналната серија од плеј-офот. Партизан со својата одлука и нанесе голема штета на српската кошарка. Сметаме дека одлуката за откажување од натпреварувањето во највисокиот државен ранг е непочитување кон државата Србија, особено во време кога државата издвојува огромни средства за спортот, а особено за кошарката и затоа за Партизан. Српската кошаркарска лига е принудена да ги преземе сите неопходни мерки мерки кои се во согласност со одредбите од актите – соопшти КСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот