Паричниот додаток за енергенси од 1203 денари ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата за месец март, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика во врска со информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита.

-Имено, овие корисници го добиваат овој додаток во висина од 1203 денари согласно последното усогласување во јануари 2023 година, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, се наведува во соопштението од МТСП.

Со оглед дека во тек е исплата на паричните правата од социјална и детска заштита за месец април, како што посочуваат од МТСП, престанува правото на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, а истото ќе продолжи да се остварува од месец октомври оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот