Пановски: Податоците да не се кријат, има начини како да се намали смртноста од ковид-19

Добро е што надлежните конечно признаа дека постои висок степен на смртност од ковид-19 во земјава, но мора да се направи издржана анализа која ќе покаже зошто е тоа така и да се преземат мерки околу надминување на проблемите, вели во изјава за Слободен печат, проф. д-р Никола Пановски.

– Мора да има некој кој ќе биде одговорен за лекувањето на пациентите во сите ковид-центри, тоа да се прави по исти протоколи и на неделно ниво да се споредуваат податоците за да се види каде какви резултати има. Со тоа ќе се унапреди третманот и ќе се постигнат подобри резултати во лекувањето – вели Пановски.

Тој додава дека треба добро да се провери и со какви дијагностички процедури располагаат и ковид-центрите кои беа отворени во другите градови во земјава, бидејќи случајно или не, смртноста кај пациентите со ковид-19 забрзано почна да расте откако почна децентрализацијата на болните.

– Има мали држави во светот кои покажуваат одлични резултати во лекувањето на пациентите со ковид-19. Искуствата кои се презентираат покажуваат дека лекување со дексаметазон за една третина ги намалува смртните случаи, исто така од голема помош се и препаратите против коагулација на крвта, кои се евтини и достапни. Како кај нас се лекуваат пациентите, не се знае  – вели Пановски.

Вчера бројот на починати од Ковид 19 се искачи на 700, а по последната недела имаше 45 смртни случаи, што е за 28 почеќе во однос на таа пред неа.

Високата смртност од ковид-19 со сè уште непозната дијагноза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот