Пандев: Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Македонската фудбалска А репрезентација за првпат во нејзината историја ќе игра на едно големо натпреварување, во овој случај Евро 2020.

Капитенот на нашата селекција, Горан Пандев кој имаше големи успеси во клупската кариера, го исполни сонот играјќи со националната репрезентација на големо натпреварување.

Тој го реализираше победничкиот гол лани против Грузија во Тбилиси за пласман на ЕП, го постигна водечкиот погодок во мундијалските квалификации во Дуизбург против Германија во триумфот од 1:2.

Нашиот најдобар стрелец во репрезентативниот дрес со 37 голови, веќе извесно време се најавува дека можно е по завршувањето на ЕП да ја заврши кариерата.

– Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување. Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација.

Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија.

Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме за испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија – напиша Пандев на „Инстаграм“.

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот