Пандев го даде првиот гол во дресот на Парма па се повреди

Горан Пандев во дресот на Парма/ фото: parmacalcio1913.com

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, го постигна првиот гол во дресот на Парма, но во победата на неговиот нов тим над Порденоне од 4:1 во Серија Б, веднаш се повреди и предвреме го напушти натпреварот.

Пандев во последниот ден од зимскиот преоден рок во Парма пристигна од Џенова и во вториот натпревар  за новиот тим, го постигна првиот гол.

Пандев влезе во игра на стартот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот, успеа да се запише во листата на стрелци и притоа да израмни на 1:1.

Тој одлично се во шеснаесетник на Порденоне и со одличен шут ја смести топката под гредата.
Само неколку минути подоцна Пандев учествуваше во акцијата по која Парма поведе со 2:1. Имено, по неговиот удар голманот едвај ја одбрани топката, на која натрча Ман и од непосредна близина ја смести во мрежата.

По третиот гол за Парма, Пандев заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет по само 25 минути игра, а притоа доби овации од навивачите.
Конечниот резултат го постави Бенедшчак кој влезе во игра токму на местото на Пандев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот