Пандев е вистински „кошмар“ за Јувентус! (ВИДЕО)

Денеска со почеток од 21.00 часот во Торино, екипата на Џенова во рамките од 10. коло во Серија А гостува кај Јувентус.

Во минатото коло Џенова освои три важни бода на домашен терен против Бреша, а првиот погодок сезонава во триумфот го имаше Горан Пандев со еден прекрасен погодок.


Нашиот репрезентативец во минатото се запишувал во листата на стрелците против „Старата дама“.

Има 4 голови во дресот на Лацио против Јуве, три погодоци како играч на Наполи и уште еден минатата сезона за Џенова.


Јуве моментно е второпласиран со 23 бодови, два помалку зад водечкиот Интер, додека Џенова е во безбедната зона на 17 место со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот