Панчев смета дека Регионална лига е добра за фудбалот: Лигата ќе го кренеше квалитетот на фудбалот на овие простори 

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во интервју за Меридијан открива дека Регионалната лига би била одлична за целиот регион.
– Нема повеќе да зборувам за тоа. Разочаран сум што многу фудбалски асови имаат негативен став за Регионалната лига. Не знам зошто, но јас го мислам спротивното. Регионалната лига ќе допринесе за развој на фудбалот на овие простори. Доколку би била добро организирана, па не мораме ние да ја правиме. Нека ја направи УЕФА. Доколку постојат сомнежи за некој судија дека ќе суди во нечија корист, тогаш нека донесат некој други од Бугарија, Грција, Романија, Унгарија Австрија… Што е тоа, од Виена до Скопје е потребно само еден час со авион – вели Панчев.

Панчев зборува и за шансите на македонската репрезентација на дебитантскиот настап на ЕП.
Имаме квалитет да изненадиме, но сега не можам да направам некоја проценка. Тоа е многу тешко. Оваа генераицја почна одлично, со тоа што го направи најголемото изненадување во историјата на македонскиот фудбал. Бидејќи да се победи четирикратен светски шампион и тоа во Германија, не е обично изненадување, тоа е големо изнедување. Тоа дали Германците не потценија или не, е нивен проблем. Важно е дека Македонија оствари голема победа и сега со шест бодови има шанси за второто место кое носи во баражот за СП. Да кажеме дека Германија ќе надополни се и ќе биде кандидат за првото место во групата – вели Пандев.
Интервјуто на Дарко Панчев за може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот