Палавост или повик на природата: Зошто мачките посегнуваат по разни предмети во домот?

мачка
Фото: Unsplash

Секој кој има мачка како член на семејството знае дека тие се исклучително вешти со нивните шепи. Гледајќи ги како се играат, можете да видите како со нивните шепи спретно тарашкаат по предмети и ги тркалаат по домот, a неретко ги употребуваат своите канџи и за да лансираат предмети во воздух. Познати ви се и примери како мачките спретно ги користат нивните шепи за да фатат некоја играчка во лет, а, секако, тоа е случај и кога ловат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by リサリサ (@lisalisa.61)

Мачките се многу љубопитни битија и одлично им одат брзите потези. Многу мачки се експерти за фаќање муви и други инсекти во лет, а некои од нив се вистински акробати кога изведуваат салто за да го дофатат врвот на некоја играчка. Познавајќи ја природата на мачките, не нѐ изненадува кога луѓето прашуваат зошто нивните љубимци уживаат во рушењето предмети од маси, полици или некои други површини. Има неколку фактори зошто на мачките им се допаѓа оваа активност.


Една од причините би можела да биде нивниот изразен нагон за игра, но таквото однесување може да биде и само израз на нивниот истражувачки инстинкт. Сепак, нивната потреба за рушење предмети е најверојатно последица на љубопитноста за некој предмет. Мачките, всушност, допираат и опипуваат одреден предмет како би дознале дали се движи или како се движи и на крајот од невнимание ќе го турнат од масата. Кога мачките ќе го забележат предметот што паѓа, ги интригира брзината на падот, звукот што предметот го произведува кога ќе падне на подот, а можеби и вниманието што ќе го добијат од нивните сопственици, без оглед дали реакцијата е позитивна или негативна. Тоа е затоа што мачките веќе научиле дека сопственикот ќе притрча штом слушне дека нешто паднало во неговиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabsi und Morty (@cyber_mellon)


Некои мачки научиле дека можат да го привлечат нашето внимание преку ваквото однесување. Природно дека побрзо ќе дотрчаме ако нешто појако тресне на подот. Но мачките понекогаш уживаат да гледаат како некој предмет паѓа од висина, а подоцна трчањето по него го сметаат за награда за нивниот минат труд. И додека за вашата мачка оваа потера изгледа како луда забава, за вас може да биде иритантно искуство, а понекогаш може да биде дури и опасно за неа. На пример, ако мачката сруши стаклен предмет, може да ги повреди нејзините шепи кога ќе скокне на подот и ќе се приземји на парчињата стакло или газејќи по нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 毛斑毛 (@banmao0526)

Ловечки инстинкт или барање внимание

Навиката на мачката да бидат невнимателни кон предмети во домот не се објаснува лесно. Фелинолозите, особено бихејвиористите на мачки, велат дека оваа навика е поврзана со ловечкиот инстинкт. Со кршењето или оштетувањето на одредени предмети, мачката го покажува ловечкиот инстинкт, па така на пример: со перничињата на шепите ги истражува предметите и со допир проценува дали тие испуштаат звук или мирис, или можеби покажуваат некое ново дејство.

Со тропање по предмети, мачката понекогаш сака да го привлече вашето внимание. Многу сопственици „скокаат“ секогаш кога ќе видат мачка која планира да направи штета. Таа ќе го запомни и сака да ве „тестира“ повеќе повечепати. Соборувајќи ги предметите во нејзината околина, ќе ве натера да и обрнете внимание, да ја галите, да си играте со неа или да ја нахраните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna_RussianBlue (@lunanyan0907)

Пренасочете ја забавата на вашите мачки на нешто друго

Ако ваквото однесување е проблем во домот, како можете да ја спречите вашата мачка да го прави тоа? Најлесно решение е да не оставате ништо на вашата маса, полица итн., што е доволно лесно да се помрдне или да се сруши долу. Научете да живеете минималистички. Иако тоа е полесно да се каже отколку да се спроведе во пракса. Додека работите на изнаоѓање решение за проблемот, не оставајте ништо кршливо на масите и полиците и затворајте ги вратите на оние простории во кои мачките би можеле да направат хаос и така физички ограничете им го просторот за движење. Ако ни тоа не е опција, тогаш единственото решение кое ви преостанува е двострана леплива лента.

Залепете ја на површината на масата или полицата. Кога вашата мачка ќе скокне на масата, нејзините шепи ќе се залепат малку на лентата и тоа чувство може да ги одврати повеќето мачки повторно да скокнат на масата. Ако можете да ја спречите вашата мачка да се качува на масата, ќе бидете поуспешни во ставањето крај на проблемот, а вашите кршливи и драгоцени предмети ќе бидат безбедни од љубопитните шепи на нашите крзнени пријатели, пишува популарниот интернет портал за домашни миленици „VetStreet“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот