„Паганите“ се најбрзо растечката верска група во САД

Природа. / Фото: Архива на Слободен печат

Во април 1966 година магазинот Тајм објави насловна страница со прашањето „Дали е Бог мртов?“ и го предизвика бесот на Американците. Но, денеска, кога станува збор за религиите работите не се толку екстремни.

Според скорешно истражување на Галуп, за првпат во историјата мнозинството Американци не припаѓаат на ниедна црква.

-И официјално, живееме во паганска нација, вели уредник на едно католичко списание.

Експертите за испитување на јавното мислење оценуваат дека опаѓањето на членството во црквите е во пораст поради оние кои не сакаат да се поврзуваат со религиозни институции, а тоа сега е една третина од населението. Но, нивната подгрупа, односно оние кои (не) веруваат во „ништо посебно“ е групата која ја прекројува сликата.

Иако таквите луѓе обично се ставаат во ист кош со атеистите и агностиците, тие се двојно побројни од нив. Секој четврти Американец не верува во ништо посебно, па ваквото поимање на сопствената религиозност расте побргу од која било од „конвенционалните“ верски групи, пишува Економист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот