Падна мал авион во Русија, четири лица загинаа

Брза помош во Москва/Фото: EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Четири лица загинаа, а 8 се повредени во пад на авион кој превезувал падобранци во регионот Кемерово на југозападот од Сибир, соопштија од руското Министерство за вонредни ситуации.

Во авионот имало вкупно 20 лица од кои 17 падобранци.

„Авионот полета од аеродромот Танај и потоа падна на левото крило“, се наведува во соопштението, пренесува руската новинаска агенција ТАС.

Според зборовите на неименуван функционер, авионот паднал откако се расипал еден од моторите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот