Падна ли вистински Бахмут и што точно рече Зеленски?

ФОТО, принтскрин Твитер.

Кога денес одекна веста дека Володимир Зеленски го потврди падот на Бахмут се јавија експресни реакции во светските медиуми. Имено во Хирошима, на состанокот со светските лидери и членовите на Г7, украинскиот претседател навести дека украинскиот град потпаднал под целосна контрола на Русите, одговарајќи на прашања на новинарите.

Но, набргу откако сите релевантни светски медиуми внимателно ја објавија веста, стаса исправка од Сергеј Никифоров, портпаролот на претседателот. Како што може да се слушне и да се види на снимката подолу, новинарот го прашува Зеленски „дали Бахмут се уште е во украински раце“, а потоа го додава вториот дел од прашањето – „Русите велат дека ја презеле контролата врз Бахмут“. На тоа Зеленски одговори со „Мислам дека не“, што може да се толкува на два начина – дека градот веќе не е под украинска контрола, но и дека Русите не го окупирале целосно.

Изјавата на Зеленски ја коментираше неговиот прес-секретар Сергеј Никифоров, нагласувајќи дека претседателот ја негирал загубата на Бахмут. Прашање на новинарот:

Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател, брзо реагираше и ги отфрли тврдењата дека Бахмут паднал, што укажува дека Зеленски всушност одговорил „Не мислам така“ на вториот дел од прашањето на новинарот, а тоа се однесуваше на руската контрола на украинскиот град.

„Треба да разберете дека (таму) нема ништо. Денес Бахмут е сè уште само во нашите срца“, рече Зеленски во својот прилично нејасен и несмасен говор.

Русија вчера соопшти дека целосно го освоила источниот украински град, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.

Руското Министерство за одбрана, пак, накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.

Падна Бахмут: Путин најави награди за војниците, за Зеленски борбата продолжува

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот