Пад во прометот на трговијата на мало

Пазарење во маркет/ Фото Архива на СП

Во трговијата на мало во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, намалувањето на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е за 13,8 отсто, а реално за 15,6 отсто.

Државниот завод за статистика во својот најнов извештај кој се однесува на прометот на во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, непрехранбени продукти, освен гориво и кај трговијата на мало со автомобилски горива забележува намалување на побарувачката.

Во трговијата на мало во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 13,8 отсто, а реално за 15,6 отсто, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 13,2 отсто, а реално за 13 отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 13,5 отсто, а реално за 14,3 и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 47,8 отсто, а реално за 29,2 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот