Пад на приходите на „Дизни“ за 42 отсто

Компанијата соопшти дека затворањето на парковите чинело 3,5 милијарди долари за квартал.

Пандемијата предизвикана од новиот корона вирус Ковид – 19 не ја поштеди ни компанијата  „Волт Дизни“ која поради спречување на ширењето на вирусот беше принудена да ги затвори забавните тематски паркови ширум светот, филмските премиери беа одложени, а со тоа претрпи и големи финансиски загуби.

За кварталот кој заврши на 27 јуни, компанијата пријави загуба од 4,84 милијарди долари или 2,61 американски долари по акција, во однос на добивката од 79 центи во претходниот квартал.

Приходите паднаа за 42 проценти на 11,78 милијарди американски долари, додека аналитичарите предвидоа дека тоа ќе бидат 12,39 милијарди американски долари, пренесува ФактСет.

„Дизни” отвори некои свои паркови низ целиот свет, но повеќето и натаму се затворени за време на фискалниот трет квартал на компанијата.

Компанијата соопшти дека затворањето на парковите чинело 3,5 милијарди долари за квартал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот