Пацоли до младите во Албанија и Косово: Имајте трпение зашто иднината подготвува изненадувања

Фото: МИА

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, во заминување, Беџет Пацоли од албанскиот приморски град Валона, упати порака до младите во Албанија и во Косово да имаат трпение „бидејќи ги чека посветла иднина”.

Оваа порака тој ја упати поради масовната миграција на младите во земјите на ЕУ, што веќе станува проблем и за двете земји.

– Јас сум крајно загрижен за заминувањето на нашите млади од Албанија и од Косово. Сакам да ви порачам да имате малку трпеливост, бидејќи иднината подготвува изненадувања, кои зборуваат за иднината на младите и иднината што тие мора да ја најдат тука, порача Пацоли, кој присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Универзитетот во Валона „Исмаил Ќемали”.

Според ректорот Роланд Зиси, Универзитетот во Валона е дел од 400 најуспешни универзитети во Европа. Според него тоа е заслуга на генерациите на декани, академици и професори.

Но, за разлика од другите академски години во некои универзитети во Албанија, вклучително и во Валона, некои студиски програми се затворени поради малиот број на студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот