Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта до 1 мај

парис бордоне хороскоп марс венера
Парис Бордоне, Марс и Венера, Фото: Викимедиа

Во последната недела од април ќе го дочекаме првото затемнувањето на Сонцето во 2022 година кое прави многу промени во движењето на планетите и ќе донесе многу предизвици, но и убави моменти.

До 1 мај ѕвездите ќе бидат наклонети кон 3 хороскопски знаци, особено на љубовно поле

Бик

Оваа недела ќе бидете расположени, а таа позитивна енергија ќе доведе до подобрување на врската или бракот. Партнерот ќе сака што повеќе да ужива во вашето друштво бидејќи ќе зрачите.Истовремено, ќе го гледате партнерот со сосема нови очи, ќе забележите колку посебна личност имате до себе и колку сте навистина среќни. Бикови кои не се во врска треба да излезат од нивната комфорт зона, да се потсетат колку вредат и заслужуваат да бидат сакани.

Лав

Во минатото се соочивте со различни дилеми и грешки кои ви создаваа проблеми во врската. Кога ќе откриете дека партнерот или потенцијалната симпатија ве прифаќа такви какви што сте, нема да има потреба од стравови, грижи и несигурности. Тој човек кој навистина ве сака, ќе ги цени вашите доблести, но е свесен и за вашите маани и без разлика на нив, ве сака безусловно. Љубовта е на ваша страна до крајот на неделата, бидете благодарни за тој подарок од планетите.

Риби

Зад вас е тежок период во кој се соочивте со многу љубовни проблеми. Во оваа недела ви претстои релаксација, оптимизам и можности да одвоите малку време и да се посветите на вашата сродна душа. Времето поминато заедно може да создаде незаборавни моменти, поголема емпатија и разрешување на несогласувањата. Рибите кои се сингл треба да поканат на состанок личност за која долго размислуваат. Обидете се да подготвите незаборавна средба со романса за да создадете нови искри.

Голем неделен хороскоп (25 април – 1 мај): Скорпиите ќе бидат шармантни, Вагите ќе имаат многу енергија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот