Овие билки ги има речиси во секој дом, а се отровни и многу опасни за децата

Фото: Профимедиа

Големите цветови или прекрасните листови на собните билки го исполнуваат со посебна убавина секој дом, но, тие имаат и своја мрачна страна, односно кријат сериозни опасности. Мајките треба да внимаваат кои билки ги чуваат во домот, бидејќи некои од нив можат да бидат многу отровни.

Децата се многу љубопитни, сакаат се да зграпчат и најчесто да пикнат во уста. Понекогаш тоа се случува и со лисјата на собните билки, кои се причина за половина случаи на труење на децата. Иако повеќето билки се безопасни, поради содржината на одредени хемиски супстанци или алкалоиди, поедини видови можат да предизвикаат несакани реакции како алергии, осип, повраќање, пролив, болки во стомакот, па дури и фатално труење.

Во зависност од количината што детето ја проголтало, реакциите можат да бидат со послаб или посилен интензитет, иако нема правила, бидејќи сите деца не реагираат на ист начин. Затоа, внимателно одберете ги билките кои ќе го красат вашиот дом.

Олеандерот, рицинусот и клинијата се опасни по живот. Овие билки се многу отровни, па џвакањето на нивните делови може да има фатални последици, дури и во мали количини. Олеандерот содржи токсини кои предизвикуваат промени во срцевиот ритам и циркулацијата на крвта. Голтањето на само еден лист може да биде смртоносно! Рицинусот го содржи отровниот алкалоид рицин, од кој отровни се листовите, а особено семето. Симптоми на ова труење се: повраќање, интензивни стомачни болки, силно чувство на жед и халуцинации.

Внесувањето на една до три семки во организмот може да има фатален исход. Клинијата е, исто така, исклучително отровна билка. Силниот отров од лисјата и стеблата ја надразнуваат слузокожата, па ако детето случајно ги проголта, се појавува отекување во грлото, отежнато дишење, мачнина и повраќање. Отровот е толку силен, така што во многу случаи предизвикува трајно оштетување на црниот дроб.

Дифембахијата содржи големи количини калциум оскалат. Сите делови на оваа билка се отровни, а особено стеблото. Доколку случајно стаса до усните, отекува јазикот и се јавуваат пречки во говорот.

Kалциум оскалат, хемиска супстанциja, што се наоѓа во дифенбахија, познато и по името амоена. Ова е многу често домашна билка и луѓето сакаат да ја чуваат во својот дом или канцеларија, бидејќи е исклучително отпорна на временски услови и не бара многу сончева светлина.

Оние кои поседуваат дифенбахија дома, треба да бидат крајно внимателни, особено ако има деца во близина, бидејќи таа билка е смртоносна ако се консумира.

Ако некое лице е отруено од дифенбахија, Националната медицинска библиотека на САД препорачува  устата да се исчисти со ладна, влажна крпа и да се измијат очите. Ако некој стапила во контакт со дифенбахија, исто така, треба да му се даде да испие млеко, а потоа да побара лекарска помош.

Филадендронот, монстерот и божикната ѕвезда се, исто така, многу отровни билки. Кактусот Алоја е познат по своите лековити својства, но во големи количини е исклучително отровен.

Доколку се проголтаат можат да бидат многу опасни и нарцисот, бршленот, хортензијата и ѓурѓовденчето. Овие билки кога ќе се внесат во организмот предизвикуваат стомачно – цревни пречки проследени со силна болка, пролив, вртоглавица, тешка главоболка, бучење во ушите, потење, пречки во работењето на срцето, оштетен вид, проширени зеници и промени во функциите на нервниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот