ОВА СЕ ЖЕНИТЕ НА ЕЛ ЧАПО: Едната ја киднапирал, другата ја убиле, а сегашната ја изневерувал додека била трудна (ФОТО+ВИДЕО)

Во Мексико постои непишано правило дека што поатрактивна е сопругата на мафијашот, така е тој посилен во хиерархијата. Затоа и често се зборува дека изборите за мис се организираат за мафијашките босови да ги најдат своите убавици.

Затоа листата на жени на мафијаши кои на времето добиле круна и лента, во картелот Синалоа е како правило. Врвот на картелот е во брак со мисици. Најславна од сите жени на Синалоа, е сопругата на најозлогласениот мафијашки бос Хоаким Гузман Ел Чапо. Ема Коронел Аиспуро е класичен пример на убавина во светот на мафијата. Сепак, нејзината лента не е единствено што ја донело во овој свет. Нејзиниот татко бил одгледувач на марихуана и опиум, нејзиниот вујко, кој бил убиен во мафијашка престрелка бил член на Синалоа и соработник на Ел Чапо, така што таа од мала се движела во овие кругови.

Судбоносниот момент се случил во 2006 година кога на натпревар за убавина во мексиканскиот град Дуранго, таа му паднала во очи на мафијашкиот бос. Таа тогаш имала само 17 години, а тој бил дури 32 години постар од неа, а ја освоил со, како што рекла таа, „неговиот начин на комуникација и начинот на кој што се однесуваше кон мене, како од пријатели да станавме нешто повеќе“. Ел Чапо, инаку од 2001 година бил во бегство, а успешно се криел до 2014 година.

Ел Чапо и Ема добиле близнаци во 2012 година, а поголемиот дел од бракот го поминале одвоено – дел заради неговиот престој во затвор, а дел заради криењето од американските и мексиканските власти. По последното апсење и осудување во САД, на Ема и е забрането да го посетува, туку можела да го гледа само на сослушувањата, па после и на судењата.

Ема на судењата доаѓала дотерана, но во склад со кодексот – пристојно. Таа кренала прашина заради некои објави на Инстаграм, меѓутоа ги отфрлила нагаѓањата дека таа сама ги објавила. Потврдила дека фотографиите се автентични и нагласила дека таа не користи социјални мрежи. Откако Ел Чапо е осуден на доживотен затвор, сосема е јасно дека неговата иднина со него – освен фактот дека се грижи за неговите деца – не постои, а според сегашните рестрикции, таа не може ниту да го види.

Но, треба да се напомене дека ниту за време на бракот со Ел Чапо, таа не била негова единствена. Тоа се покажало и за време на судењето кога и таа како негова сопруга, го слушала сведочењето на неговата љубовница, Луцеро Санчез. Покрај љубовен, Луцеро со Ел Чапо имала и деловен однос, таа за него купувала и продавала „сериозна“ количина на марихуана. Санчез, инаку, била пратеничка во округот Синалоа, па и политичката кариера ја врзала со Ел Чапо. Додека уште службено била во политиката, таа тоа го демантирала, но со време се покажало дека тој е татко на нејзиниот син.

За работите да бидат полоши за моралот на Ел Чапо, врската со Луцеро ја започнал во времето кога неговата сопруга била трудна, а нивниот љубовен однос имал подеми и паѓања.
„Некогаш го сакав, некогаш не“, бил коментарот на љубовницата за време на судењето.
Иако за време на судењето, таа пуштила солза за својот љубовник, таа била еден од сведоците, кои во замена за помала казна се согласиле да сведочат против Ел Чапо. На нејзе и било судено за перење на пари и дистрибуција на дрога.

Ел Чапо својата претходна љубов ја запознал позади решетки. Таа се викала Зулема Јулија Хернандез, а ја запознал во строго чуваниот затвор Пуенте Гранде. Секако, заедничко со Ема им било тоа дека и таа била убавица од Синалоа, која во бракот со Гузман уживала во сите придобивки на гламурозниот живот на мафијашите.

Сепак, тоа завршило трагично. Во декември 2008 година нејзиното тело е пронајдено во багажникот на автомобил. Обдукцијата покажала дека пред смртта таа била мачена, а најверојатно причината за смртта било гушење, иако во нејзе биле пронајдени и неколку куршуми. На повеќе места на нејзиното тело била исечена буквата „З“, што било знак дека убиецот бил најмен од ривалскиот картел „Лос Зетас“.

Таа доба се покажала опасна за жените во светот на мафијата.

„Со години постоеле кодекси. Фамилијата била почитувана. Но, сега сите кодекси се скршени, се повеќе жени се убивани“, ја прокоментирал ситуацијата анонимен мексикански новинар за американските медиуми.

А за тоа време, кога кодексите се почитувале, во животот на Ел Чапо три жени имале посебна улога. Првиот пат во брак стапил на 20 години, а неговата избраничка била година помладата Марија Алехандрина. Тие се венчале во 1977 година, а со нејзе имал три деца. За нејзе денес не се знае многу, освен тоа дека е на американската „црна листа“.

Другата сопруга, Гриселда Гуадалупе Лопез, ја запознал во 80-тите години. Со неа тој добил четири деца, а за неа се претпоставува дека била „вработена“ во Синалоа. И покрај тоа, таа упорно тврди дека на своите деца нема да им дозволи да се занимаваат со истата работа како нивниот татко.

„Не е нивна вина што се деца на Гузман“, тврдела таа, иако еден од нејзините синови настрадал во пукотница, а друг се нашол на американската „црна листа“.

Но, најмистериозна е судбината на банкарка под името Естела Пена. Ел Чапо бил толку воодушевен од неа, што кружи приказна дека најмил авион за да фрли цвеќиња врз нејзината куќа, но таа го игнорирала. Одбиениот мафијаш не се откажал, така што Естела буквално била киднапирана. Три месеци подоцна тие се венчале, што била воедно и последна информација за неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот