Ова се чекаше 113 години, Хрватите за историја во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

За првпат од 1908 година, натпреварувачи од иста земја ќе играат во финалето на олимпискиот турнир во машки тениски парови ќе играат тенисери од иста земја. Тоа ќе бидат Хрватите Марин Чилиќ и Иван Додиг од едната страна на мрежата и Никола Мектиќ и Мате Павиќ од друга страна.

Чилиќ и Додиг, кои често не играа двојки заедно, до финалето ги елиминираа Јапонците Даниел и Нишиока, Американците Рем и Тиафо, Британците Мареј и Салсбјури и Новозеланѓаните Даниел и Венус.

Мектиќ и Павиќ, најдобриот тениски пар на денешницата, на пат до финалето беа подобри од Бразилците Демолинер и Мело, Италијанците Мусети и Сонего, Јапонците Меклахлан и Нишикори и Американците Краичек и Сандгрен.

Само двапати во историјата тенисери од иста земја играле во финалето.

Првиот пат беше кога само американски парови учествуваа на целиот турнир во 1904 година, а вториот пат беше четири години подоцна, кога Британците ги освоија сите медали во конкуренција на двојки од осум земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот