Отворете очи да не наседнете: Тетовец жртва на измама за работа и престој во Канада

Фото: mia.mk

Дваесет и седумгодишник од Тетово пријавил во полиција дека бил измамен од човек кој му ветувал работа и престој во Канада, за што уплатил 28.000 денари. Тетовецот ја добил понудата преку електронска пошта во ноември во 2019 година.

– Лице кое се претставило како С.Б., од консултантска фирма од Канада на А.С. (27) од Тетово му испратил понуда за престој и работа во Канада. Според пријавата, С.Б. требал да им достави потребната документација, како и бројот од кредитната картичка на А.С од која ќе ја повлечат потребната сума на пари, а тие ќе му ја пополнат апликацијата и за период до шест месеци ќе биде известен за аплицирањето, информира СВР Тетово.

Тетовецот набргу од банката бил известен дека од неговата сметка биле повлечени 27.850 денари.

– Откако минало повеќе време од најавеното, без да добие повратен одговор, сфатил дека бил измамен, па вчера го пријавил случајот, инфомираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот