Отворено писмо од мајките чие породилно отсуство завршува и мора да се вратат на работа

Мајки кои се на породилно отсуство кое истекува и мора да се вратат на работа оставајќи ги бебињата во градинка или со своите родители, преку отворено писмо објавено на социјалните мрежи апелираат да се ревидира нивната ситуација и да се продолжи породилното боледување.

Еве го во целост нивниот апел:

„Ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство.Ние сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено, градинките работат и секако се уште се небезбедни (иако учителките може да се негативни, може некое дете да е носител без никој да знае и да ја рашири болеста), градинките работат со ограничен број на дечиња, поради социјалната дистанца не можеме, а и немаат сите услови да ги оставиме бебињата кај баби и дедовци или да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт претходно, а и немаат повеќето финансиска можност за ова).А со секој изминат ден има се повеќе заболени/починати. Поради тоа бараме да го заштитите здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема веќе да бидеме во неизвесност, бидејќи има мајки кои имаат притисоци за враќање на работа, недоволно разбирање и мешање на поимите вонредни и времени мерки, а сето тоа прави дополнителни притисоци и нервози во и онака напнатата ситуација“, стои во писмото кое се споделува на социјалните мрежи и за кое владата треба да состави ново решение ако сака да им излезе во пресрет на нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот