Отворен конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019”

Пријавувањето на конкурсот трае до 5 мај 2019 и е отворено за учество на сите филмски дела, направени од професионални и непрофесионални поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален, анимиран. Кратките филмови треба да се во должина до 30 минути.

Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк  , како и на е-mail адреса [email protected] .

На конкурсот ќе се доделат три награди:

– награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија

– награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија

– награда за најдобра приказна/сценарио

Дополнителни детали за фестивалот со известувања и новости може да се најдат на следниве адреси: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ и ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2019 . Фестивалската веб-страна е  http://filmay.kozjak.mk .

Фестивалски проекции ќе бидат на 29 мај 2019 (среда) во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок”).

Идеи од кои се води фестивалот се следниве:

ФИЛМАЈ смета дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар.

ФИЛМАЈ се начнува како меѓународен филмски фестивал, воден од идејата дека големи промени се постигаат преку низ од мали чекори.

ФИЛМАЈ има намера да поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат од надвор-од-кутијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот