Отворен аеродромот во Милано, првите два дена без летови

Првите летови на аеродромот Линате, кои ќе ги спроведат авиокомпаниите Луфтханза, Либерија и Ер Малта, се закажани за среда 15. јули, а италијанската компанија Алиталија ќе има летови на 24. јули.

Аеродромот во Милано Линате, од денеска е отворен по четири месеци откако престана да работи поради корона вирусот, но првите два дена ќе поминат без летови.

Првите летови на аеродромот Линате, кои ќе ги спроведат авиокомпаниите Луфтханза, Либерија и Ер Малта, се закажани за среда 15. јули, а италијанската компанија Алиталија ќе има летови на 24. јули.

Патниците се должни на аеродромот да носат заштитни маски и да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање, а на влезовите во терминалите ќе им биде мерена температура со термоскенери, стои наведено на сајтот на аеродромот.

Италијанските медиуми пишуваат дека денеска сите служби ќе бидат на аеродромот, од полиција до аеродромски службеници, но летови и патници нема да има, доколку неме некои изненадувања во последен момент.

Аеродромот во Милано беше затворен на почетокот на март во рамки на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот