Отстранета последната пречка за проектот што ја подели ЕУ: Данска рече „ДА“

Данската агенција за енергетика издаде дозвола компанијата „Nord Stream 2 AG“ да изгради дел од гасоводот „Северен поток 2“ преку нејзините територијални води, југоисточно од Борнхолм во Балтичкото Море.

Ова ја отстрани последната голема пречка за рускиот гасоводен проект, што ја подели Европската унија поради противењето од страна на САД и неколку земји од Источна Европа, кои велат дека гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас.

– Врз основа на консултации и директен дијалог со релевантните дански власти, данската агенција за енергетика оцени дека, во однос на прашањата за животната средина и безбедноста, трасата на југоистокот за која е издадена дозволата е најповолна – се вели во соопштението на Данската агенција за енергетика.

Данска сега е должна да „дозволи изградба на транзитни цевководи… и, доколку е потребно, да ја одреди трасата на која треба да се постават цевките“, велат од агенцијата.

Претходно овој месец „Газпром“ објави дека 83% од гасоводот „Северен поток 2“ – чија должина е 1.269 километри во Балтичкото Море – е завршен, додавајќи дека гасоводот се очекува да биде завршен до крајот на оваа година.

Проектот „Северен поток 2“ предвидува изградба на два гасоводи кои што ќе испорачуваат околу 55 милијарди кубни метри руски гас директно во Германија и другите европски земји. Цевководот за транспорт на руски гас, според проектот, треба да минува низ териториите на Данска, Финска, Германија, Русија и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот