Отровно скап: Брзиот пат од Сомбор до Кикинда ќе чини повеќе од Моравскиот коридор!

Фото: МИА / илустрација

Брзиот пат „Насмевката на Војводина“, кој треба да го скрати патувањето меѓу Сомбор и Кикинда, е баснословно скап проект, пред се поради кредитното финансирање и странските изведувачи, а сето тоа им дава „ветер в грб“ на стравовите дека во процесот се присутни и коруптивни дејствија, смета домашната експертска јавност, пренесува Данас.

Како и сите други амбициозни проекти во земјата, изградбата на овој брз пат низ Војводина неодамна ја најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како дел од презентацијата на планот „Скок во иднината, Србија 2027“. Она што е важно да се нагласи во врска со овој проект е дека, повторно според најавата на претседателот Вучиќ, ќе започне изградбата на новиот пат Бачки Брег-Сомбор-Кула-Врбас-Србобран-Бечеј-Кикинда-Наково, кој инаку официјално се нарекува „Насмевката на Војводина“ требаше да чини речиси две милијарди евра, за вкупна должина од 162 километри.

Експертите сметаат дека цената е смешно висока бидејќи „Насмевката на Војводина“ не е наменета да се гради како автопат туку брз пат, но цената е како да е автопат. Имено, излегува дека цената на километар од експресниот пат „Насмевката на Војводина“ е околу 12 милиони евра, додека на пример километар од автопатот „Фрушкогорски коридор“ чини 12,7 милиони евра. Дека цената на патот од Сомбор до Кикинда е навистина висока, може да се види ако се спореди со цената на големите инфраструктурни проекти како „Моравскиот коридор“, Коридорот 10 и Коридорот 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот