Отказот на Сари ќе го чини Јувентус 20 милиони евра, ќе летаат и директорски глави во Торино

Италијанскиот тим скапо ќе го плати отказот на својот тренер.

Маурицио Сари по елимнацијата од Олимпик Лион во Лигата на шампионите експресно доби отказ, но нема потреба да се грижи за финансиите. Сари минатото лето потпиша догогор со Јувентус до 2022 година така што на платниот список на италијанскиот тим ќе биде уште две години и тоа добро ќе го наплати.

Сари е веќе отпишан, Јувентус го контактира Покетино

Годишната плата на Сари изнесува 5.5 милиони евра, што значи дека Јувентус е должен да му исплати уште 11 милиони евра, а кога ќе се додадат и даноците, сумата која „старата дама“ ќе ја плати за отказот изнесува 20.3 милиони евра.

Интересно е што на платниот список на Јувентус се наоѓа и Масимилијано Алегри кој минатото лето беше заменет токму со Сари и клубот мора да му исплати уште 7.5 милиони евра до наредната година.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Сари нема да биде единствениот кој ќе си замине од Торино, а прв на удар е директорот Фабио Паратичи.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, смета дека голем дел од вината за елиминацијата сноси и Паратичи бидејќи тој беше најгласен кога се менуваше Алегри и инсистираше за тренер да биде назначен Маурицио Сари.

Поради тоа, италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, дознава од свои извори во Јувентус дека Паратичи најдоцна до крајот на месецот ќе добие отказ.

Освен во управата, Ањели планира чистка и во играчкиот кадар, засега сигурно си заминуваат Сами Кедира, Блез Матуиди, Матија де Шиљо, Федерико Бернардески, Даниеле Ругани, Данило, Гонзало Игуаин, а најверојатно во новата сеозна ќе ги нема ниту Адриен Рабио и Арон Ремзи како и Даглас Кошта и Хуан Квадрадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот