Сари е веќе отпишан, Јувентус го контактира Покетино

Само еден ден по елиминацијата од ЛШ, италијанските медиуми јавуваат дека челниците на Јувентус разговарале со Маурицио Покетино.

Италијанските медиуми јавуваат дека Јувентус веќе го отпиша Маурицио Сари и ја започна потрагата по нов тренер за наредната сезона. Челниците на „старата дама“ претходно му порачаа на Сари дека титулата во Серија А не му е гаранција дека и наредната сезона ќе седи на клупата и дека условот за тоа е елиминација на Олимпик Лион во ЛШ и пласман на завршниот турнир во Лисабон.


Но, вчерашната победа од 2:1 не беше доволна за Јувентус, „старата дама“ е елиминирана и веќе го контактирале првиот кандидат за наследник на Маурицио Сари.

EPA-EFE/WILL OLIVER

Челниците на Јувентус веќе остварија разговор со Маурицио Покетино кој по отказот од Тотенхем во ноември минатата година е без работа.
Но, освен Покетино, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели сака да разговара и со Зинедин Зидан кој има цврст договор со Реал Мадрид кој исто така доживеа елиминација во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот