Откажете се од овие „бјути’ навики

Навики кои не се здрави за вашето лице и тело.

Вистинските промени почнуваат од нас самите. Кога станува збор за козметиката која ја користиме, можеби и не размислуваме за промените кои би ни користеле.

Предуслов за секое добро шминкање е негувана кожа, а негувањето на кожата подразбира дека треба да ја чистите на одреден начин. Меѓутоа, освен чистење на кожата, одвреме навреме потребно е да го чистите и приборот за нанесување на шминката. По правило тоа треба да го правите еднаш неделно со помош на специјални спрејови за чистење.

Користење на производи после поминат рок

На оваа тема често се разговара меѓу  beauty-познавачите и мислењето е поделено. Додека сите се согласуваат дека датумот втиснат на амбалажата е нешто што не треба да се зема предвид, мислењата се разидуваат околу тоа колку е штетно да се користат прозиводи на кои рокот на траење одамна им е поминат. Она што треба да го знаете е дека производите после истечениот рок не се расипуваат и не се токсични. Меѓутоа, може да ја изгубат ефективноста. Зошто би нанесувале крема против  подочници ако не содржи никакви благотворни својства? Производите како на пример  сенки, од друга страна, можете да ги користите додека нивната текстура и пигмент одговараат.

Долго спиење на исти перници

Ако имате проблем со акни, би требало да размислите за тоа дека навлаките треба барем еднаш неделно да се менуваат, а самата перница барем еднаш во три месеци. Наведените методи докажано помагаат, а кога сме кај постелнината, мораме да го споменеме и трендот на оние свилените, кои помагаат кожата да биде помазна, а воедно влијаат и на тоа да не се будите со разбушавена коса.

Занемарувањето на вратот и телото

Ќе вложите цело богатство на креми и козметика за лице, не размислувајќи за вратот и телото. На нанесувањето прозводи на врат некако и ќе се навикнете, но кој има време за хидратација на цело тело? Таквото размислување е погрешно-на нашето тело му треба нега баш како и на лицето. Издвојте барем неколку минути.

 Задржување на шминки на лицето пред вежбање и спиење

За ова не треба да се разговара- ако не сакате да се борите со проблемот на затната пори и лош тен, симнувањето на шминката нека ви биде правило од кое не смеете да отстапите.

Недоволно внесување на вода

Одлично знаете дека внесувањето на доволно количина на вода е многу важно. Недостатокот на течности доведува до дехидрација, настанување на сува и испукана кожа. Да не зборуваме за зголемувањето на бројот на брчките. Апсолутно сите модели ќе ви речат дека нивната тајна за изгледот всушност е доволното внесување на вода, а се работи отприлика за 8 чаши вода на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот