Откако ги пуштија од Гвантанамо, стотици исламисти повторно се активираа низ боиштата во светот

Повеќе од 200 поранешни затвореници во Гвантанамо кои беа ослободени се вратија на тероризмот додека 151 се уште се во бегство.

Во извештајот на Канцеларијата за национално разузнавање од 18 декември 2020 година, се посочува дека 229 поранешни затвореници во Гвантанамо повторно се вклучиле во терористички акции и одмазнички убиства врз државјани на САД.

Податоците вклучени во извештајот покажуваат дека 125 поранешни затвореници повторноучествувале во терористички акции од нивното ослободување, додека дополнителни 104 во моментов се осомничени за повторно ангажирање.

Овие статистики покаѓуваат и дека 151 поранешен затвореник на Гвантанамо е бегство, што покажува дека 66 проценти од оние кои биле повторно затворени, не биле повторно заробени, пренесува Дејли Меил.

Поранешниот претседател Трамп потпиша извршна наредба додека се уште беше на функција да го држи Гвантанамо отворен.

По преземањето на функцијата, претседателот Бајден, ја укина наредбата на Трамп, со цел трајно затворање на затворскиот објект лоциран во Куба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот