Осум земји на еврозоната под лупа на ЕК поради националните буџети

Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Финска, Словачка, Словенија и Португалија презентирале национални буџети кои се на раб на непочитување на правилата на еврозоната, предупреди Европската Комисија.

Овие осум земји имаат до идната пролет да ги коригираат нацрт-буџетите и да презентираат ревидирани верзии до Европската Комисија за да избегнат ситуација во која би ги прекршиле начелата на Пактот за стабилност и раст на еврозоната.

Во најкритична состојба се Белгија, Шпанија, Франција и Италија поради стапката на задолженост. Стапката на првите три е некаде под сто отсто од БДП, додека Италија веќе подолго време ја надминува стапката од сто отсто.

Комесарите задолжени за економски и финансиски прашања, Валдис Домбровскис и Пјер Московиси, предупредија дека состојбата е загрижувачка затоа што висока стапка на задолженост го ослабнува капацитетот на државите да се справат со можни макроекономски шокови.

Што се однесува до Италија, Европската Комисија повтори дека земјата треба да се справи со структурните проблеми на својата економија. Од Франција исто така се бараат „поголеми суштински структурни напори”, рекоа комесарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот