Осудени на казна затвор 12 лица во Кина, неовластено објавиле книга за Комунистичката Партија

Суд во Кина осуди на казна затвор 12 лица за неовластено објавување на книга за Комунистичката Партија на Кина (CPC) и за власта.

Според кинескиот весник „Глобал Тимес“, лицата се осудени поради кршење на законските правила за издавање и продавање на книгите. Обвинетите лица беа изведени пред суд во Јујеанг, провинција на Хубеи.

Еден од обвинетите призна дека од 2010 година на интернет има симнато документи и списи од важни средби на Кинеската Комунистичка Партија и од нив напишал книга. Тој рече дека книгите се печатени во локална книжарница во градот Вухуан, и досега има продадено над 44.600 копии од нив, и има заработено 157 илјади долари.

Судот едниот од обвинетите го казни со седум години и десет месеци затвор и казна од 64.330 долари, додека другите со казна затвор од два до седум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот