Остатоци од човечко тело пронајдени во канал во Ѓорче

Фото: МИА

Во канал покрај пруга во скопската населба Ѓорче Петров вчера биле пронајдени остатоци од човечко тело, соопшти МВР.

„На 25.09.2022 во 14.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во канал покрај пругата во близина на ул.„Радушка” биле пронајдени остатоци од човечки скелет завиткани во крпа“, велат од полицијата.

На местото бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот