Осомничен силувач и убиец на девојче најден мртов на пруга во Индија, откако политичар порача дека властите ќе го убијат без судење

Увид на местото на кое беа убиени четворица осомничени за силување и убиство / Индија / 6 декември 2019 година / фото: ЕПА-ЕФЕ/СТР

Индиец осомничен за силување и убиство на мало девојче вчера е пронајден мртов на железничка пруга, два дена откако еден политичар најави дека властите ќе го пронајдат и ќе го убијат без судење, јавуваат локалните медиуми.

„Ќе го најдеме осомничениот и ќе го убиеме во средба“, изјави министерот за труд на индиската држава Телангана, Мала Реди, во вторникот.

„Ќе застанеме покрај семејството на жртвата. Ќе ги тешиме и ќе обезбедиме помош за семејството. Ќе го убиеме во „средба“. Правдата ќе биде задоволена“ рече Реди.

„Средба“ е израз кој во Индија се користи за убиство надвор од правосудниот систем.

Починатиот, 30-годишниот Палаконда Раџу, беше осомничен дека силувал и убил шестгодишно девојче минатиот викенд. Неговото тело го пронајде полицијата на железнички шини во близина на Хадерабад, а тој бил идентификуван по неговите тетоважи. Според шефот на полицијата во градот Хајдерабад, Анџани Кумар, можно е да се работи за самоубиство.

Телото на девојчето, пак, беше пронајдено во неделата, откако тоа беше исчезнато една седмица претходно. Обдукцијата покажа траги на сексуален напад, како и дека шестгодишната жртва била задавена. Случајот покрена серија протести, како и масовна потрага по Раџу, а полицијата понуди награда од околу 13.000 долари за информација која ќе доведе до негово апсење.

Произволните, вонсудски убиства, кои локално се нарекуваат „лажни средби“, стануваат сѐ почести во Индија. Според активисти за човекови права, извршителите често се од полицијата и од војската, а тие не одговараат за убиствата, кои се подведуваат под самоодбрана. Оваа пракса ја охрабруваат многу политичари, а таа се глорифицира во популарната култура и се оправдува во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот