Османи вели дека има фер понуда: ВМРО-ДПМНЕ да одлучи кога ќе бидат изборите ако ги изгласаат уставните измени

Бујар Османи - министер за надворешни работи / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ да ги одреди датумите за претседателските и за парламентарните избори ако претходно ги гласаат уставните измени, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во спротивно, тој додаде дека изборите ќе бидат во редовните термини.

-Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите, кога и да сакаат денеска, утре, задутре, веднаш после изгласувањето на уставните измени. Мислам дека тоа е фер понуда од наша страна – рече Османи.

На прашање на кој датум би биле изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа уставните измени, министерот одговори дека изборите ќе бидат во редовниот термин и дека партиите со консензус ќе одлучатдали тие да бидат споени или и на кој датум ќе се одржат.

-Во тој случај редовните термини треба да бидат земени в предвид и веќе станува прашање на технички, логистички пресметки во однос на одржување на изборите, отколку политичка проценка. Политичка процена е оваа понуда, нека ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат за денот на изборите, кога и да сакаат и за двата изборни циклуси и за претседателските и за парламентарните. Доколку не одиме на редовни избори, дали ќе бидат заедно или одвоени тоа е прашање на логистика, техника и проценка на партиите да најдеме консензус – изјави Османи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера побара власта да одреди датум за двојни избори кои би се одржале помеѓу двата најголеми верски празници Велигден и Рамазан.

-Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог на Ковачевски. Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок, рече Мицкоски.

 

Тој предупреди дека Владата преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“.

-Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренема Македонија на здрави нозе – порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот