Османи: Телата на жртвите ќе бидат пренесени во Скопје во четврток

Бујар Османи
Бујар Османи / Фото: МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи извести дека по остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, одговорен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, ја информира јавноста дека е донесена одлука за пренос на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември.

Според Османи, владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови.

„Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали а јавноста ќе биде информирана навремено истотака“ вели Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот