Османи со порака до Бугарија: Да престанат провокациите

Бујар Османи, министер за надворешни работи/Фото: МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи чека да спласнат емоциите по влошувањето на комуникацијата со Бугарија и таа да продолжи меѓу двете страни. По денешната средба со чешкиот министер Јан Липавски.

Говорејќи за последните случувања со Бугарија, Османи кажа дека аргументите се на наша страна и мора да се покажеме мудри и зрели како досега.

– Мора да ја задржиме поддршката, а засега имаме само пофалби. Не е во наш интерес да влеземе во вртлогот на бугарските избори. Имаме наши, уште бугарските ни требаат за да ја пореметиме нашата динамика. На сите провокации од Република Бугарија одговараме со сиоте можни инструменти, но јавноста да не биде вовлечена во некакво прекршување со јавноста во Бугарија. Граѓаните да бидат спокојни дека имаат институции кои ќе се грижат за нашите интереси, порача Османи.

Тој уште додаде дека нема да јава на бранот на емоции на јавноста.

На прашањето за евентуална средба со македонските Бугари кажа дека е важно да го задржиме имиџот на земја која има највисоко ниво на заштита на правата на малцинствата и дека сите обиди да се фрли дамка дека некој е дискриминиран „тешко нѐ погодува“. Притоа упати забелешка до македонските Бугари.

– Очекував таа средба на македонските Бугари да биде со мене, а не во Софија или Брисел. Државјаните на Република Северна Македонија, без оглед на нивната етничка припадност имаат своја влада, свои институции за да ги адресираат своите прашања или проблеми. Отворен сум за средби со сите, изјави Османи.

Според него, земјава и Бугарија во изминатите неколку години создадоа рамка низ која треба да се канализираат разликите или комуникацијата меѓу двете држави, но „за жал, не секогаш работите се движеа низ таа рамка и договорена волја за соработка од многи причини“.

– Честите изборни процеси во Република Бугарија, еве во април петти по ред, создаваат непредвидливост во комуникацијата и одржување на таа договорена волја. Изборните процеси ја вжештуваат комуникацијата, а политичари кои во неможност да понудат нешто се фаќаат за резервните теми во политички натпревар кои ги наметнуваат изборите. Република Северна Македонија покажа мудрост и спремност да не потклекне на таквите провокации. Мојата порака до Република Бугарија е дека е време да го преникенеме тој циклус на негативни односи кој не е во интерес на двете страни. Да престанат провокациите, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот