Османи: Петнаесет нови случаи во Тетово е знак дека се уште е потребна внимателност

Петнаесет нови позитивни тестови на Ковид-19 во тетовскиот регион денеска беа причина за итна координација на претставниците на Владата и здравствените институции во тетовската клиничка болница. Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид19 посочи дека има 11 нови заразени и четири лица на кои вторпат тестот им е позитивен.

-Очигледно и покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под конторла и дека трендот е позитивен, освен пикот,  денеска сепак констатиравме слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните и комуникација со матични лекари и одговорот на матичните. Направивме план кој ќе биде презентиран пред кризен штаб на Владата со цел да го подобриме менаџирањето. Повик до граѓаните да ги почитуваат мерките  бидејќи во ситуација кога спласнува пандемијата на ниво на државата може да создаде ситуација на лажна самодоверба дека ја поминавме состојбата да се опуштиме предвремено и наместо за кратко време навистина ја пребродиме оваа состојба, може да ни се врати поради таа лажна самодоверба дека завршивме работа, истакна Османи.

Заменик министерот за здравство Арменд Арсални порача дека иако има поголем број нови заболени во Тетовско, нема простор за паника поради ниската инциденца.

-Во однос на другите градови инциденцата е најголема во Куманово со 281 и Дебар 183 па следи Велес и Прилеп. Над 50 имаме инциденца во Скопје во Струга, Штип и во Кочани. Се уште Тетово не е со висока инциеднца што е добар податок. Кривата оди паралелно и линаерано во Тетово, рече Арслани.

Според него сите ресурси кои се ставени на располагање за справување со болеста функционираат и доказ за тоа се бројчаните показатели.

-Битно со бројките е дека 68,7 отсто кривата од 15 апирл е веќе оди надолу. 68,7 проценти имаме оздравени од вкупно заразени што е една општимистичка бројка. Оптимистички од овој аспект се и високите темпратури, но е дефинитиво и научно докажано, вирусот и во летниот период нема да се елиминира. Останува да бидеме претпазливи и со практикување на заштита со миење раце, дистанца и слично. Само така луѓето ќе помогнат на здравствените работници, рече Арслани.

Од 11-те нови заразени шест се во Камењане и Палчиште, три во Брвеница и по еден во Требош и Тетово. Вкупно во тетовскиот регион досега има 107 евеидентирани заразени, како и 8 смртни слуачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот