Ослободени 36 паркинг места кои биле резервирани за привилегирани корисници во катна гаража „Беко“

Гаража „Беко“, Фото: Град Скопје

Во катната гаража, на кат -1, подолг временски период биле паркирани сужбени возила кои не се користат и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места.

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ во изминатиот период интензивно работат на одржување на хигиената на паркиралиштата, а истовремено службите реализираа и акција за дислоцирање на некористени службени возила од катната гаража „Беко“ и ослободување на „резервирани“ паркинг места. Како што информираат од Градски паркинг, акцијата се извршила со цел да се ослободат повеќе паркинг места.

– Во наведената катна гаража, на кат -1, подолг временски период беа паркирани сужбени возила кои не се користат и непотребно зафаќаа 12 означени паркинг места. Исто така, имаше и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини беа „резервирани“ за непознати корисници, а паркирање на тие места не беше дозволено. Со акцијата се ослободија вкупно 36 паркинг места и се ставија во функција на корисниците. Воедно, службите на претпријатието извршија машинско чистење на кат -1 со што целосно се отрани насобраниот смет – потенцираат од ЈП „Градски паркинг“- Скопје.

Од Градски паркинг информираат дека катната гаража „Беко“ е лоцирана на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот и располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката подзено ниво и 6 ката надземно ниво. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост и 3 за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на кат -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. Исто така, на кат -1 поставен е еден електричен полнач со два излеза за електрични автомобили. Полнењето и паркирањето за време на полнењето на електричните автомобили е бесплатно.

– Цената за час паркирање во катната гаража изнесува 30 денари, а услугата паркирање на месечно ниво за вработени, физички и правни лица изнесува 2000 ден. Доколку заинтересираните корисници од категориите физичко и правно лице склучат договор на годишно ниво и извршат еднократна уплата за цела година, цената изнесува 20000 ден – посочуваат од Градски паркинг.

Оттаму апелираат до граѓаните за повеќе грижа за хигиената на паркиралиштата и да не ги паркираат своите возила на обележаните паркинг места за лицата со попреченост и за родителите со мали деца.

– Исто така, апелираме граѓаните да ги користат и паркоматите за плаќање, како и кога плаќаат паркинг да ги оставаат автомобите на нивното паркинг место, а не пред излезните рампи. Со тоа, ќе се спречи метежот пред излезот и ќе се овозможи слободен проток на возилата – велат од Градски паркинг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот