Орбан го зголеми екстра данокот на добивка на МОЛ на 95 проценти

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарската влада ја зголеми даночната стапка на дополнителната добивка на домашната компанија за гас и нафта МОЛ од 40 на 95 отсто и планира приходите да ги пренасочи за поддршка на граѓаните за трошоците за енергија, според официјални извори.

Одлуката беше објавена во средата доцна навечер во службениот весник. МОЛ заработува од разликата во цената меѓу руската нафта и онаа на лондонскиот пазар, а владата со подигање на даночната стапка на 95 отсто, практично ќе го земе целиот дополнителен профит во иднина. Даночната стапка е зголемена по втор пат. Летото владата го покачи од 25 на 40 проценти.

Во вторникот, на предлог на МОЛ, Владата предвреме го укина лимитот за цените на горивата поради недостиг предизвикан од намалениот увоз и паничното купување. МОЛ предупреди на критична состојба во снабдувањето со гориво поради наглото зголемување на побарувачката, додавајќи дека единствено решение е поголем увоз. Лимитот беше укинат околу три недели пред планираниот рок.

Премиерот Виктор Орбан во средата на својот Фејсбук профил изјави дека санкциите за руската нафта влијаеле на цените на бензинот низ цела Европа. „Во изминатите неколку дена стапија на сила бриселските нафтени санкции (за увоз од Русија – оп. ред.) и се случи она од што се плашевме“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тоа значи дека цените на бензините се санкционирани низ цела Европа, тврди Орбан, пренесува Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот