Општина Карпош повика да се пријават штетите од вчерашното невреме

Општината апелира до сите граѓани да бидат на безбедно, да водат сметка за околината и своите возила да не ги паркираат под повисоки дрвја.

Комуналните служби на Општина Карпош и јавните градски претпријатија, во текот на целата ноќ и утринава работат на отстранување на последиците од вчерашното невреме, поточно силниот ветер којшто достигна јачина и до 110 километри на час.

Се расчистуваат паднатите дрвја кои имаат блокирано улици, пешачки делови, како и влезови пред основни училишта и градинки.

карпош

-Со цел да се санира штетата, вработените во урбаните заедници ги мапираа критичните точки, направените штети и континуирано испраќаат информации до општинските сектори и градските претпријатија. Ги повикуваме заедниците на сопственици кои се соочија со поголеми штети (уништување на покриви или дел од покривните површини, фасади и сл.), да достават соодветно барање до Општината заради ублажување на последиците од штетите. Локалната самоуправа ќе обезбеди поддршка во рамките на своите можности и законски надлежности- велат од Општина Карпош.

-Комуналните служби се фокусирани на отстранување на паднатите дрвја од улици, патеки и влезови пред основни училишта и градинки. Стигнуваат пријави за паднати дрвја во повеќе населби. Етапно, ќе се расчистуваат сите. Ви благодарам на трпението и соработката, а посебна благодарност до работниците, кои цела ноќ и утринава се справуваат со последиците од невремето- напиша градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Општината апелира до сите граѓани да бидат на безбедно, да водат сметка за околината и своите возила да не ги паркираат под повисоки дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот