Општина Центар стана дел од платформата „Паметен град” на Град Скопје

Општина Центар се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола, информираат од општината.

Како што велат од општината, на последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласала и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град). Одлуката била излгасана на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Паметниот град, преку таканаречени паметни столбови, ќе обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување, како што велат, ќе се придонесе кон носењето на подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите.

Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021, 2022 и 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот