Општина Бутел наскоро ќе го уредува речното корито на Серава

Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел ќе стане реалност, тврди градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој најави дека наскоро ќе започне уредувањето на речното корито на реката Серава.

Во изманатата година и половина работевме на изработка на освновниот проект и финалниот изглед на речното корито. Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река Серава во должина од 1500 метри во населеното место Радишани. Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека – рече Костовски. Тој на Фејсбук сподели и видео за новиот изглед на кејот на Серава.

Градоначалникот потсети дека во изминатиот период тука е изграден спортско- рекреативниот центар „Македонија“ со кој им се овозможи нов простор за спорт и рекреација на граѓаните од ова населено место.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот