Општина Аеродром: Градинката „Лале“ добива нов и модерен изглед

Фото: Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“, информираат од оваа скопска Општина, од каде што објаснуваат и дека работите во моментот се одвиваат на надворешниот дел на објектот. Со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.

– Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинкитe, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе почне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени – истакна градоначалникот Муцунски при увидот во градежните активности.

Во насока на кратењето на дополнителните трошоци кои ги имаат граѓаните,од Општина Аеродром потсетуваат дека од 1 март годинава, родителите беа ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, и најавуваат дека, од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.

– Како една од најмладите општини во Македонија, Аеродром ја потврдува заложбата за континуирани инвестиции во воспитно-образовниот процес и најмладите. Продолжуваме да вложуваме во образованието и правиме сè за нашите најмлади – стои во соопштението од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот