Опозиската ДЈБ вечерва повикува на протест пред српското Собрание, а утре на блокада на конститутивната седница

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) најви дека протестот пред Народното собрание, што движењето го организира денеска од 20 часот, ќе биде вовед во блокадата на Парламентот утре во 9 часот.

Целта на ненасилната блокада е со своето присуство да ги блокираме фалсификуваните пратеници да конституираат фалсификувано собрание во Домот на народното собрание, се наведува во соопштението на ДЈБ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тие наведуваат дека власта најави дека е закажана конститутивна седница на „фалсификуваното собрание” за понеделник наутро, а крајниот рок за негово конституирање според законот е вторник, 4 август.

Ако не се конституира Собранието, власта ќе падне, соопштија од ДЈБ на Саша Радуловиќ.

Владата ги фалсификуваше овие избори. Не и беше доволно купувањето на гласови со наши пари, заплашување на луѓето, несредените избирачки списоци, контролата на медиумите, туку мораше да ги фалсификува и записниците од избирачките места. ДЈБ го откри тоа и легално ги поништи изборите. Сите медиуми, целата опозиција, целата професија, сите „невладини организации” финансирани од ЕУ, Германија, молчат за тоа, се наведува во изјавата на ДЈБ.

Тие истакнаа дека не станува збор за борба за ДЈБ и за било чиј цензус, туку за „борба за соборување на лажираните избори”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот