Опасен пад на нателитетот во Косово, за пет години 30 отсто помалку раѓања

Фото: Бота сот

Стапката на наталитетот во Косово паднало за 30 отсто за пет години. Ова намалување се смета за многу опасно за ова земја, за семејствата и за општеството, и претставува најголемото намалување во историјата на Косово, кај балканските земји и во Европа, пренесува „Бота Сот“.

Главните фактори кои се сметаат за виновни за падот на наталитетот во Косово се тешките економски услови, законот за породилно отсуство, планирањето на семејство, државните политики и најголемата миграција на Балканот и Европа.

Според Косовската агенција за статистика во сите породилишта во Косово, бројот на раѓања се намалува секоја година. Во 2014 година регистрирани се 32.087 раѓања, во 2015 година – 31.116 раѓања, во 2016 година регистрирани се 30.069, во 2017 година – 30.025, а во 2018 година регистрирани се 22.761 раѓања.

За падот на наталитот зборуваат и статистиките на Клиниката за гинекологија при Универзитетскиот клинички центар на Косово, според кои во 2014 година имало 10 .307 раѓања, во 2015 година, 9. 443 раѓања, во 2016 година -10.139 раѓања, во 2017 година, 10. 161 раѓања, во 2018 година, 9.963 и за 9 месеци од 2019 година, 7.256 раѓања.

– Падот на наталитетот е тренд на развиените земји, што значи дека и во земјите во развој имаме пад на наталитет. Ова се случува затоа што семејното планирање и е најважно на луѓето, затоа што секој брачен пар сака да има толку деца колку што може да ги израсне. Ова се разликува од земјите кои не се во развој, каде секој пар би имал по четири до пет деца, додека во денешно време брачните другари планираат семејство и обично имаат едно или две деца. Мислам дека ова е една од главните причини за падот на наталитетот што ја опфаќа и нашата земја Косово – рече директорот на Клиниката за Гинекологија, Јакуп Исмаили.

И социологот Ферди Камбери изјави дека падот на наталитетот е многу опасен како за семејтсвото, така и за општеството, бидејќи според него, непланирањето на семејството и одложувањата на браковите, доведува до можноста наталитетот да биде помал и доколку нема нататлитет се зголемува морталитетот, а тоа е товар за државата затоа што населението старее и нема млади кои се работоспособни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот